Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Пчиња“ во недела /20 октомври/, го организира првиот Саем на автохтони сорти - „Везенка”. Саемот ќе се одржи пред инфо-центарот во селото Пчиња, каде ќе се претстават малите локални производители со домашни производи.
„Во понудата ќе бидат свежи и преработени производи од нашите стари сорти, но и вкусови што ќе ве вратат назад во детството. Целта ни’ е да ги заштитиме и промовираме старите локални семиња и сорти, коишто полека ја “губат битката“ под напливот на хибридните. Исто така, посетителите ќе имате можност да дегустираат и да купат месни производи од локалната месара, органски мед, вина, ракија, сокови, како и домашната зимница, сушена везенка, вкусни готвени јадења, тестенини и семиња. Ги повикувам сите заинтересирани граѓани да не посетат, да уживаат во богатата понуда и одличната забава на отворено“, вели Стојан Стојковски, претседател на здружението „Еко -Пчиња“.
Саемот ќе започне во 11 часот, а ќе трае до 15 часот. Обезбеден е паркинг за посетителите.
За време на Саемот, волонтерите од здружението „Да шириме љубов“ ќе се погрижат за нашите најмали посетители со организирано детско катче.
Саемот на автохтони сорти „Везенка“ е финансиран од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а за негова реализација е задолжено Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Пчиња“.