Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Основното училиште „Вук Караџиќ“ денеска се одржа презентација за претприемничко учење во рамки на професионална едукација на наставниците, како дел од проектот: „Саем на идеи за туристичка понуда на нашиот роден крај“. Во проектот се вклучени учениците од седмо и осмо одделение.
-При реализација на овој проект учениците учат како да се биде лидер, учат за вредноста на тимската работа и за важноста на комуникациските стратегии и презентирање на информации во пишана форма, усни и визуелни презентации. Како и за справувањето со неуспехот и позитивните лекции кои можат да ги научат од вакво искуство - вели професорката по географија Зорица Китановска.
Појдовната идеја на овој проект е да им се даде можност на младите ученици да го искусат учењето за вистинскиот бизнис и работа преку претприемнички активности.
-Целите на проектот се: поттикнување и подобрување на претприемничкиот дух, да се развијат вештини и ставови кај учениците при што им се овозможува да работат креативно и активно на вакви практични проекти - изјави Надица Петровска, координаторот на проектот.
Проектот Саемот на идеи за туристичка понуда на нашиот крај требаше да се реализира во сите градови во Република Македонија, но до сега се спроведе само во Куманово.