Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градската библиотека „Тане Георгиевски“ од Куманово, во соработка со издавачката куќа „Матица Македонска“, организира мини-саем на книга кој ќе почне утре, а ќе трае до 29 август.
Како што соопштуваат од библиотеката, на саемот со попуст ќе бидат достапни и книги од најчитаните автори.
„Имајќи ја во предвид нетрпеливоста на нашите читатели што поскоро да допрат до најновите изданија секако дека очекуваме посетеност. Особено бидејќи ќе бидат достапни веќе бараните автори Лусинда Рајли, Линвуд Баркли, Јелена Бачиќ-Алимпиќ...со саемски попусти“, велат оттаму.
На саемот на книга ќе бидат запазени протоколите за заштита од вирусот ковид-19. Но и покрај одржување на физичка дистанца сите љубители на пишаниот збор ќе имаат време да ги разгледааат книгите и да ја збогатат својата домашна библиотека.
Библиотеката „Тане Георгиевски“, мини-саемот оваа година го започнува со издавачката куќа „Матица Македонска“, а во периодот што следи ќе организира уште мини-саеми во соработка и со други издавачки куќи.
(Ф.Марковска)