×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сакала да го остави, па ја застрeлал сопругата и нејзиниот роднина

    14.05.2011 12:27 | KumanovoNews

     Трајко С.(43) од Куманово, предпладнето со неколку куршуми од пиштол ја убил  сопругата Гордана С.(27) и нејзиниот роднина Марјан Д.(47) во неговиот стан на улицата „Драган Стопаревиќ„ во Куманово.

    Сакала да го остави, па ја застрeлал сопругата и нејзиниот роднина

    Крвавата пресметка се случила во 11.30 часот, кога Трајко во алкохолизирана состојба не и дозволувал на сопругата да замине со роднината. Соседите прво слушнале расправија, а потоа и неколку истрели од оружје. Веднаш била повикана полиција и брза помош, но Гордана починала на лице место. Марјан бил пренесен во кумановската болница, но и тој им подлегнал на повредите.

    Соседка од продавницата кажува дека Гордана утринава дошла кај неа и купила два кофери за да си ги спакува работите. Младата жена кажала дека неможе повеќе да живее со сопругот и ќе си замине од станот, бидејќи по неа дошол нејзин роднина за да и ги пренесе работите. Само 15 минути откако си замина се слушнале истерели.

    Трајко откако го извршил убиството излегол на тераса, го фрлил пиштолот во паркот пред зградата, а потоа запалил цигара.

    Тој работел како стражар и пиштолот го поседувал со дозвола. Соседите кажуваат дека често пати го злоупотребувал, пукал без причина и ја малтретирал жената, поради што тие пријавувале во полиција. Имаат неколку месечно бебе, а Гордана од првиот брак уште две деца.