Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Под мотото „Сакам да дишам“ утре (вторник) во 19 часот на Градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи граѓански протест против загадувањето на воздухот во Куманово.
Организатор е неформална група на граѓани, кои се загрижени за нивното и здравјето на нивните деца.
„Поради проблемите со загадувањето со кои се соочува Куманово со недели наназад, а особено во вечерните часови, од името на група на загрижени граѓани ве повикуваме заеднички да излеземе и да протестираме, да побараме одговорност и поактивна реакција од надлежните институции, да побараме да се најде загадувачот, да престане да нè труе, нас и нашите деца. Протестот е граѓански. Здравјето нема цена, заслужуваме чист воздух“, повикува организаторот на протестот.
Во последните дваесетина дена во Куманово се шири неподнослива миризба, кој ги труе граѓаните. Надлежните инспекциски служби тврдат дека доаѓа од фабрика во Прешево, но граѓаните се сведоци дека секојдневно од населбите Средорек, Бавчи, Перо Чичо и Стари Лозја, собирачите на отпад, палат гуми и електрични кабли за да ги извадат челичните сајли и бакарот, кој потоа го продаваат на откупните пунктови за метал. Со тоа го загадуваат воздухот во целиот град. Граѓаните постојано реагираат и бараат од надлежните да го решат овој проблем.