×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Само еден новозаразен од ковид-19 во Куманово

    07.03.2022 20:21 | Сузана Николиќ

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.209 тестови, а регистрирани се 124 нови случаи на ковид-19.

    Само еден новозаразен од ковид-19 во Куманово

    По градови во: Скопје – 98, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Охрид – 3, Штип и Дебар – по 2, Куманово, Тетово , Струмица, Кичево, Струга и Гевгелија – по 1.

    Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции.

    Регистрирани сe 543 оздравени пациенти од: Скопје – 289, Битола – 39, Прилеп – 38, Куманово – 25, Кичево – 19, Гостивар – 14, Кавадарци и Велес – по 13, Штип – 12, Охрид и Ресен – по 9, Тетово, Струмица, Кочани и Неготино – по 7, Гевгелија и Делчево – по 6, Струга и Крива Паланка – по 5, Демир Капија – 4, Богданци – 3, Свети Николе, Кратово, Крушево , Демир Хисар, Македонски Брод и Макденоска Каменица – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: две починати лица од Скопје (36г и 74г) и едно починато лице од Тетово (60г), Битола (67г), Прилеп (70г), Кочани (70г) и Пробиштип (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. 

    Од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

    Направени се 1.209 тестови преку: ИЈЗ-43, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-2, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–112, Жан Митрев (Филип Втори)-33, Авицена-49, Биотек-74, Систина-58, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-160, ВФВ Медикал-25, Ели Медика-8, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 644.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.908.017 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.766, бројот на оздравени пациенти е 288.235, на починати е 9.086 а бројот на активни случаи изнесува 2.445.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 139920, Активни 1354
    Куманово 16303, Активни 113
    Битола 14351, Активни 126.