Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
М.Г.(27) од Куманово, утринава си го одзел животот, откако се обесил во стан во трговскиот центар Гарнизон, на улицата Борис Кидрич во центарот на Куманово.
Безживотното тело, како виси на петиот кат на зградата го забележале случајни минувачи во 5.45 часот и пријавиле во полиција.
Како што информираат од СВР Куманово, по извршениот увид на лице место било утврдено дека се работи за самоубиство со бесење. На телото немало траги на насилство.