Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре во 20 часот ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2022“.
На изложбата ќе бидат претставени околу 50-тина дела во форма на слики, цртежи и скулптури. Оваа година за „Самоуки 2022“ се пријавиле 40-тина автори а комисијата за изложбата избра 32 автори со 50-тина дела.
„Идејата на оваа изложба е претставување на кумановските неакадемски уметници пред пошироката јавност, но, воедно, и развивање на афинитети кон визуелните уметности, едукација и презентација на едно запоставено творештво коешто претставува едно локално богатство и заслужува да биде споделено со ликовната публика“, вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста.
Центар за култура – Куманово изложбата започнал да ја организира на почетокот на деведесеттите години од минатиот век, на иницијатива на повеќе кумановци – неакадемски уметници коишто имаат сериозна ликовна продукција.
Проектот е подржан од страна на Министерство за култура, изложбата ќе биде поставена до 30.јуни.