Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура синоќа беше отворена традиционалната изложба "Самоуки 2010".На манифестацијата годинава се претствија осумнаесет уметника со по две слики, работени во најразлични техники.
Во средината на деведесетите години ја преземавме органиозацијата на оваа изложба и успешно продолживме со анимирање на нашите ликовни уметници од Куманово. На оние уметници кои немаат академија им даваме простор своите дела да ги презентираат пред пошироката публика. Ова што карактерестика оваа година, уметниците претежно се занимаваат со сликарство, имаме и еден дрворез, но за жал немаме скулптора-рече Роберт Цветковски на отварањето на изложбата.
Изложбата ќе биде поставена наредните 14 дена, и оваа година ќе биде претставена во неколку соседни градови на Куманово.