×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сања Јакимовиќ - Петковска е нова директорка на ЈП „Куманово-план“

    29.05.2024 10:21 | Оливера Пешевска

    Сања Јакимовиќ - Петковска е нова в.д. директорка на ЈП „Куманово-план“. Таа е дипломиран правник, а до стапување на функцијата работела во правната служба на „Куманово-гас“.

    Сања Јакимовиќ - Петковска е нова директорка на ЈП „Куманово-план“

    Доаѓа на испразнетото место на нејзиниот сопартиец од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Бобан Николовски. На новото работно место е од вторник, кога и го добила решението за назначување на функцијата.

    „План е и би сакала претпријатието да продолжи со успешно финансиско работење, со спроведување на започнатите проекти, но и барања за проектирање на нова планска документација. Сериозно ја сфаќаме нашата задача, и интензивно ќе работам и се надевам ќе придонесам во планирање, урбанизација и естетско разубавување на Куманово“, истакна директорката Јакимовиќ- Петковска.

    Таа зад себе има 13- годишно работно искуство во струката, во најголем дел како раководител на правната служба на многу успешна транспортна фирма од приватниот сектор. Јакимовиќ- Петковска е секретар во општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.