Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес, при контрола на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, денеска во периодот од 10 до 16 часот санкционирале 68 возачи.
Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а исто така три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.