Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сашо Стошевски е назначен за нов в.д. директор на подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување во Куманово. Тој е магистер на економски науки, а во фондот работи веќе 16 години .
„Нашата основна цел е навремена, квалитетна и ефикасна услуга на осигурениците во остварување на нивните права и обврски како и уредување и унапредување на договорите со здравствените установи како даватели на услуги, се со цел подобрување на здравствениот систем“, истакна Стошевски за Кумановоњуз.
Тој вели дека веќе има искусктво во функционирање на институцијата и добро е запознаен со тековните работи и недостатоците кои треба да се надминат.
Стошевски е потпретседател на Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ. Беше советник во Советот на Општина Куманово во предходниот состав.
Тој доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Бујар Муслији.