×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДММ засадија дрвца на мирот

    21.09.2014 13:41 | KumanovoNews

    По повод 21 септември - Светскиот ден на мирот, младите од СДСМ денеска засадија дрвца во дворот на основното училиште “Христијан Карпош“ во населба Перо Чичо.

    СДММ засадија дрвца на мирот

    Кај училишната спортска сала засадија дваесетина чемпреси и испратија порака за мир.

    Сакаме да ставиме акцент на оваа 2014 година на одбележување на овој ден затоа што бевме сведоци низ целиот свет имаше војни, кризни жаришта отворени како што беше во Украина примерот, во Сирија, во Ирак, Изреал и Палестина. Одтука сакаме да упатиме една порака, наредната година да ја прославиме со помалку жртви и да завладее мирот во светот - изјави Мартин Захариев, портпарол на СДММ Куманово.

    Уште во 1981 година Генералното собрание на Обединети нации прогласи Меѓународен ден на мирот, а во 2001 година за Меѓународен ден на мирот беше прогласен 21 септември.