Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, освои тесна победа на предвремените избори што се одржаа вчера во Македонија.
Според Државната изборна комисија (ДИК) од 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, коалицијата на СДСМ победи со 324.084 гласови или 36,12 отсто, пред коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ со 312.745 гласа или 34,85 отсто.
Потоа следуваат: ДУИ со 101.432 гласови или 11,3 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива со 76.425 или 8,57 отсто, Левица со 37.420 или 4,17 отсто и ДПА СО 13.563 или 1,51 отсто.
Според пресметка на ДИК, базирана на овие првични неофицијални резултати, коалицијата на СДСМ освоила 46 пратенички мандати, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден.