×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ ги претстави кумановските кандидати за пратеници

    07.04.2014 11:31 | KumanovoNews

    СДСМ денеска ги промовираше кандидатите за пратеници во изборната единица 2.

    СДСМ ги претстави кумановските кандидати за пратеници

    Високото второ место го завзема Љубиша Николиќ директор на гимназијата „Гоце Делчев„, на седмо место е Марина Алексовска, директорка на градинката „Ангел Шајче„, на местото број 15 е претседателот на младите Владислав Трајковски, 19-ти е Шаип Рамадани и 17-ти Филип Јаневиќ од ЛДП.

            Ви се обраќам во името на кандидатите за пратеници од Куманово од изборната единица два, која претставува Македонија во мало, бидејќи тука живеат Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи и припадници на други етнички заедници. Сите заслужуваме шанса за подобар, нормален живот. Затоа се потребни вистински промени, за Македонија да се направи пристојно место за живеење, да се унапреди животот на обичниот граѓанин- истакна Николиќ.

     Тој побара мандат од граѓаните за нова иднина и нов почеток со јасна стратегија и конкретна програма.

    Имаме нови луѓе, нови идеи, реална визија и нов реафирмиран СДСМ. Нашиот народ заслужува промени за нов почеток по осумгодишното неодговорно владеење на оваа власт. Доколку ни ја укажете Вашата доверба во Законодавниот дом, ќе ги застапуваме и браниме интересите на сите наши граѓани – нашето најважно и најскапоцено богатство. Со вчерашниот митинг на СДСМ во Скопје практично започнаа промените – Македонија со нов почеток. Програмата на СДСМ нуди конкретни решенија  - како да се оствари нашата заедничка визија за подобра Македонија. Сакаме да ја направиме Македонија држава на среќни луѓе, со силна средна класа, Македонија која нуди перспектива на младите да останат во неа, Македонија со квалитетно образование, со повисок животен стандард, Македонија со независно судство и слободни граѓани. Затоа е потребно да излеземе на изборите на 13 и 27 април и без страв да им покажеме дека не се сложуваме со нивните погубни политики-рече Николиќ на денешната прес-коференција.

    Од СДСМ очекуваат дека во двојката ќе освојат 10 пратенички места.