Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод празникот Илинден во зградата на Комитет утре од 9 до 15 часот ќе се оддржи крводарителска акција во огранизација на СДСМ Куманово и Црвен Крст.
Имаме досега постигнато големи успеси, некогаш и над 100 единици крв сме собирале. Затоа и оваа година ги повикуваме нашите членови и сите граѓани на општина Куманово да ни се придружат. Верувам дека и сега ќе имаме успех и верувам дека граѓаните на Куманово и сега ќе ја покажат својата хуманост на дело - рече Валентина Мициќ, претседател на комисија за здравство во ОО на СДСМ Куманово.
Оваа крводарителска акција е традиционална. Во градот годишно Црвен Крст спроведува до 40 акции за дарување на крв.