Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СДСМ и ДУИ ја потврдија коалицијата на денешната конститутивна седница на Советот на Општина Куманово, откако советниците на ДУИ дадоа подршката на кандидатот на СДСМ за претседател на Советот.
Иако членови од двете партии тврдат дека преговорите се во тек и најверојатно наскоро ќе бидат официјализирани, заедничкиот настап во Советот покажа дека работата е целосно завршена.
Тоа е волјата на народот кој гласал овде. Победници сме на централно ниво, но и на локално ниво и треба да ги гледаме интересите на граѓаните - вели Ридван Асани, советник од ДУИ.
Од ВМРО - ДПМНЕ неколку пати бараа пауза на седницата заради консултација, што се протолкува како вршење на притисок врз ДУИ на централно ниво да гласаат за нивниот кандидат.
Од СДСМ очекуваа успешна соработка со сите советнички групи.
Се надеваме на соработка како со советниците од македонскиот така и од албанскиот политички блок. Наша функција е со конструктивна работа во рамките на Советот на Општина Куманово да носиме одлуки во интерес на граѓаните - вели Снежана Захариева, советник од СДСМ.
Таа смета дека сите членови на Советот на Општина Куманово треба да се борат за иста цел, без разлика на која политичка опција и припаѓаат.
Советниците денеска дадоа свечена изјава и истата ја потпишаа, обрзувајќи се да работат чесно и во согласност со Уставот на Република Македонија.