×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ избра претседатели во помалите општини во регионот, се мисли уште за Куманово

    25.03.2022 14:33 | KumanovoNews

    СДСМ избра пет од вкупно шест претседатели на општинските организации во Североисточниот регион. Претседатели се изберени во ограноците во Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Кратово и Липково, а останува да се одлучи кој ќе ја води регионалната општинската организација во Куманово.  

    СДСМ избра претседатели во помалите општини во регионот, се мисли уште за Куманово

    Во СДСМ Крива Паланка, довербата од централното раководство да ја води општинската организација и во наредните 4 години ја доби Михаил Дејановски.

    На Дејановски ова ќе му биде втор мандат, а лидерската позиција ја задржува во знак на досегашното успешно извршување на функцијата и изборните победи, меѓу кои и на последните локални избори на кои победи кандидатот на СДСМ, односно сегашниот градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски.

    „Во изминатиот период се соочувавме со многу предизвици. Се трудев на секој еден поединец да му бидам од помош и корист. Ветувам дека во наредниот период ќе работам да ги отстанам сите слабости, уште попосветено и одговорно за една подобра општинска организација, за тимскиот дух и за секој граѓанин. Сите заедно ќе создадеме уште многу убави нешта за нашата Крива Паланка, која ќе биде модерно место за живеење“  истакна Дејановски по потврдување на неговиот партиски избор.

    Дејановски по професија е економист, вработен во Царинската управа, а истовремено е и советник во Советот на Општина Крива Паланка.

    За претседател на ОО СДСМ во Општина Ранковце е избан Даниел Крстевски, кој беше кандидат за градоначалник на оваа општина на последните локални избори, но ја изгуби трката со сегашниот градоначалник Борче Спасовски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Крстевски е вработен во Државниот пазарен инспекторат. Претходно работеше во локалната самоуправа во Ранковце и беше претседател на Општинската изборна комисија во оваа општина.

    И во Општина Кратово новиот претседател на Општинската организација на СДСМ е градоначалничкиот кандидат од локалните избори во октомври 2021 година, кој исто така ги изгуби изборите од противкандидатот избран од ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за Влатко Бојковски, дипломиран инженер по информатички науки, кој ја доби поддршката од партијата да ја води локалната организација

    Во општинската организација во Старо Нагоричане за претседател е избран Иван Марковиќ, кој досега беше секретар на огранокот. Во Старо Нагоричане СДСМ е на власт со градоначалничката Жаклина Јовановска, која освои втор мандат.

    Во Липково е реизбран досегашниот претседател Буњамин Муслиу. 

    За претседател на општинската организација на СДСМ Куманово се кандидатите: Оливер Илиевски, Драгана Цветковска, Сашо Тодоровски, Александар Арсиќ, Виктор Божиновски и Емил Ташевски, но постои можност да биде назначен некој што не е на листата на пријавените.