Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на СДСМ од Куманово во среда, во чест на големиот празник 11 Октомври - Денот на народното востание ќе организира традиционален празничен пикник кој ќе се одржи на фудбалското игралиште на Спомен Костурницата во Куманово, со почеток во 12.00 часот.
„Дозволете ми во мое лично име и во името на општинската организација на СДСМ од Куманово, вам лично и на сите граѓани на Општина Куманово, да ви упатам срдечни честитки по повод 11 Октомври – Денот на Народното Востание. Пред 82 години, знајни и незнајни борци,со визија за слободна, независна и просперитетна Македонија, во Куманово и Прилеп, ја почнаа народно-ослободителната борба. 11 Октомври е ден од македонската историја, кој не само што е симбол на Македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. Благодарение на овие луѓе денес можеме слободно и рамноправно да одиме по патот на европските и евроатлантските интеграции како врвен приоритет во развојот на нашата држава. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народно-ослободителното востание“, кажа претседателот на општинската организација Александар Арсиќ.
Тој ги повика сите граѓани, членови и симпатизери на СДСМ да дојдат на пикникот и заедно да го празнуваат Денот на народното востание.