×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ ќе расправа за оставката на Заев

    26.11.2021 09:53 | Сузана Николиќ

    По одложувањето на закажаните состаноци на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ поради деновите на жалост, попладне партиските органи на социјалдемократите ќе се изјаснат за оставката на нивниот лидер Зоран Заев. 

    СДСМ ќе расправа за оставката на Заев

    Заев побара партиските тела само да ја констатираат неговата оставка и да почне процедурата за избор на нов претседател на партијата. Меѓутоа неговите блиски соработници и дел од членството сметаат дека тој треба да остане на лидерската партиска позиција и на премиерската функција.

    Ако се прифати оставката на Заев, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател. Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави и Заев, треба да биде и мандатар на новата влада.