×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ ќе се обиде Максим Димитриевски да го врати во партијата, најави Николовски

    18.11.2021 21:00 | Сузана Николиќ

    Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „21 Анализа“ на ТВ21 најави дека партијата ќе се обиде да го врати градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во своите редови.

    СДСМ ќе се обиде Максим Димитриевски да го врати во партијата, најави Николовски

    „СДСМ ќе влезе во постапка во која ќе извлече поуки, ќе донесе многу одлуки. Затоа што во партијата има и луѓе кои не се партиски членови, а се ставени во позиции да носат одлуки за граѓаните. СДСМ ќе направи се преку сите процеси и промени, и верувам дека овој предизвик пред кој се наоѓаме ќе го решаваме сите заедно и дека обединети, со многу промени и детектирани слабости, ќе биде партија целосно подготвена за следните предизвици“, кажа Николовски.

    На прашањето дали тоа значи дека дека ќе се обидат го вратат Димитриевски, Николовски одговори дека ќе се обидат да го направат тоа.

    Димитриевски победи на локалните избори како независен кандидат, откако СДСМ не му даде поддршка за втор мандат.