Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ова е прва трибина на новото раководство на СДСМ Куманово предводено од претседателот Александар Тушевски и со задоволство можам да кажам, дека сето мое 28-годишно искуство во социјалдемократијата го ставам како поддршка за нови победи.
„Единството е цврсто и подготвено за нови победи. Не се губи единството на лични интереси, туку на идеологија а ние немаме идеолошка поделба, а оние кои се борат за лични интереси не победуваат. Затоа, оттука сите заедно праќаме силна порака дека нашата идеја е уште посилна сега со аргументи за остварени резултати, на што треба сите кумановци да бидат горди. Со крената глава сме и храбро кажуваме дека направивме многу како власт за граѓаните и државата, и затоа сме непобитни, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од трибина во Куманово, на која беа презентирани активностите на општинската организација во изминатиот период.
„Ние зборуваме за реализирани проекти, за милиони вложени во кумановскиот регион како Влада. Секогаш кога СДСМ е на власт се случуваат одлуки во интерес на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција става нож во грб на државата во клучни моменти, мислејќи само на сопствените политички цели. Треба да се потсетиме секогаш што ни се случуваше за време на режимот, а сега се гледа и тука во Куманово што значи да владее режим. Како Влада вложивме 121 милион евра во инфраструктура за Куманово. Кој друг донел толку пари во Куманово? Сите регионални патишта се реконструирани по 50 години. Реконструирани се и водоводни мрежи, сите училишта, нова градинка, нови училишни спортски сали, реконструирано е СВР Куманово“, кажа Спасовски.
На трибината, покрај Спасовски, зборуваа и пратениците Лидија Тасевска и Мартин Костовски, како и претседателот на општинската организација на СДСМ, Александар Тушевски.