Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Високото партиско раководство на СДСМ, синоќа заедно со членовите и симпатизерите маршираа низ центарот на Куманово, за враќање на како што велат слободата и демокартијата во земјата.
На маршот беше кажано дека од Куманово се најавува македонската пролет. Пред присутните се обратија лидерот на партијата, Зоран Заев и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.
Оваа наша татковина е под окупација цели девет години и тоа од наши луѓе, од Македонци, луѓе што сиве овие години мислеа дека вечно ќе владеат, но заборавија дека само Господ е вечен, па тие самите си се прогласија за богови. Опиени од власта се изгубија од реалноста и како одминуваа годините, се повеќе пранги, се повеќе товар и маки врз плеќите на овој наш народ. Во последните денови ги гледавте како ги менуваа сите нивни политики, веднаш го свртеа она што беше инает нивни и кон студентите, кон учениците, наставниците и кон хонорарците - изјави Заев.
Заев рече дека власта нема да избега од реалноста и од доказите со кои тие располагаат, и без презентирани пркеу „бомбите“. Оливер Спасовски најави дека социјалдемократите ќе маршираат и во другите градови во Македонија.