Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во рамките на работното лето општинската организација на СДСМ Куманово, најави маалска средба во сабота (24.август) во 19 часот на м.в. „Кошеви“ во населбата „Гоце Делчев“.
„Ги покануваме сите граѓани од тој реон да присуствуваат и со своето мислење, критика или сугестија да допринесат за тековните прашања кои сметаат дека се значајни за нивната населба. На средбата ќе присуствуваат и градоначалникот, претседателот со раководоството од ОО СДСМ Куманово, како и функционери од Владата, отворено и транспарентно да разговараме за актуелната политичка состојба. И покрај тековните случувања, СДСМ останува на страната на правото и праведното. Можеби правдата е спора, но секогаш излегува на површина, - изјави Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово.