×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Над 3 илјади кумановци присуствуваа на митингот

    28.06.2010 12:07 | KumanovoNews

     Бројот на оние кои пристигнаа на митингот беше импозантен,се бараше автобус повеќе, кола повеќе да се стигне во Скопје.

    СДСМ: Над 3 илјади кумановци присуствуваа на митингот

     Претседателката на општинската организација на СДСМ Снежана Захариева, денеска на прес-конференција им се заблагодари на своите сопартијци, симпатизери, коалициони партнери, членовите на опозицискиот фронт и сите граѓани на Куманово кои го подржаа митингот на опозицијата во Скопје. Според СДСМ, на митингот во Скопје заминале над 3000 кумановци, организирано со 47 автобуси, неколку минибуси и голем број коли.

    Вчера покажавме дека Македонија има силна опозиција на чело со СДСМ, подржана од партиите на опозицискиот фронт и народот кој го победи стравот да проговори за се што го мачи и отворено да го искаже незадоволството од политиката што ја води ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски. Бројот на оние кои пристигнаа на митингот беше импозантен,се бараше автобус повеќе, кола повеќе да се стигне на митингот. Сметам дека ова е добар показател дека има позитивна клима за да се смени нешто во политиката, и СДСМ како лидер во опозоцискиот фронт ќе успее на наредните парламентарни избори да извојува победа и да се избори за подобра Македонија - рече Захариева.

    Претседателката им се извини на сите граѓани што неможеле да заминат со нив, бидејќи се надминала очекуваната бројка на заинтересирани и не можеле да одговорат со автобуси и други превозни средства. Таа нагласи дека пред самото поаѓање ги растажила веста на смртта на нивниот сопартиец Радомир Каревски,чие дело ќе го продолжи подмладокот на СДСМ, кој вчера се покажал во полн сјај и вистинско светло.