СДСМ: Не е точно дека 400 наши членови преминале во ГРОМ
Од СДСМ денеска на прес-конференција ги демантираа информацијата дека 400 нивни членови преминале во ГРОМ.

Господине Цветковски не измислувајте лаги пред граѓаните на Куманово. Тие многу добро знаат што се случи со членот на Централниот одбор на ГРОМ, Мерџан Демирали, потенцирам член на високо партиско раководство. Човекот сам си ја напушти партијата, поради дискриминација од ваша страна. Затоа не ја замајувајте јавноста со измислени бројки. За информација членството на Социјал демократскиот сојуз од ден на ден се повеќе се зголемува. Имаме најава дека во наредниот период високи партиски функционери од ГРОМ ќе се вратат во матичната партија СДСМ - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.
За собирањето потписи за претседателски кандидат од СДСМ рекоа дека ГРОМ едвај собрала 633 потписа што доволно кажува за нивното членство.