Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три семејства од Куманово денеска добија хуманитарна помош од членовите на општинската организација на СДСМ.
Пакети во храна, облека и бела техника беше однесена во социјално загрозени семејства од македонска, српска и ромска националност.
Целта на оваа акција беше со топол збор и внимание да им ги честитаме празниците на овие луѓе и да им покажеме дека не се сами. Истовремено да ги потикнеме и останатите наши сограѓани да бидат хумани и да помогнат на луѓето кои се оставени на маргините на општеството. Солидарноста не треба да препознава партиска, верска или национална припадност. Домаќините ни ги отворија вратите на своите домови и неможам да ви ја опишам нивната среќа, што значи дека ја постигнавме целта, помошта отиде во вистински раце- изјави Мартин Костовски, претседател на СДСМ Куманово .
Помошта е обезбедена од сретства од партиската членарината. Од СДСМ најавуваат дека новогодишната хуманитарна акција ќе стане традиционална.