×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ обвинува за оштетената фасада на Ученичкиот дом во Куманово, општината вели се е по закон

    09.04.2022 10:51 | Жаклина Цветковска

    ОО на СДСМ  Куманово  обвинува за нестручно извршување на работите при реконструкцијата на Ученичкиот  дом “Професор Мијалковиќ”, откако минатата недела  фасадата беше оштетена.

    СДСМ обвинува за оштетената  фасада на Ученичкиот дом во Куманово, општината вели се е по закон

    „Оваа установа беше целосно обновена пред една и пол година преку проектот  “Социјална инклузија на деца од рурални средини, жртви на семејно насилство и жртви на поплави и пожари”, со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, што ги обезбеди Владата предводена од СДСМ . Но,пред една недела на ова место при малку посилен, но не толку разорен ветер, фасадата на Ученичкиот дом  и сама отиде во ветер.  Направена е голема штета и јавно прашуваме дали е направен увид од стручните служби, дали изведувачот  ќе има одговорност, кој го извршил  стручниот надзор и дали ќе има  одговорност за ова?“, истакна  Дејан Ивановски, советник од СДСМ.

    Опозицијата посочува  на негрижа и неодговорност  за оддржување на јавната установа од страна на Општина Куманово и ги повика МВР и Јавното обвинителство да покренат постапки за одговорноста за рушењето на фасадата, да се провери договорот, понудата на изведувачот, адаптацијата, проектната документација,  надзор на работите  и слично.

     „Дали беа поважни провизиите за изградба отколку самата изградба. Дали трката за ефтини политички поени,  маркетинг и деноноќно рекламирање беше поважна од условите за престој на идните доктори,банкари,електроинжинери и сл.“, праша Ивановски.

    Општина Куманово експресно одговори на обвинувањата од СДСМ, објаснувајќи дека невремето е причина за  нанесената штета на јужната фасада на Ученичкиот дом, но и дека при реализацијата  на проектот за реконструкција на оваа установа сите постапки се спроведени во согласност со законските процедури.

    „За настанатото оштетување , на 04.04.2022 година е испратен  допис  до инвеститорот-Центарот за развој на СИПР, а потоа и  до надзорот – МБМ Архитекти и изведувачот СОЛАС-ЕКС ИМ – Скопје. Истиот ден извршен е увид од посочените страни и  направен е записник за настаната штета,  а согласно гарантниот рок и законот за градење, таа  ќе биде санирана од страна на изведувачот. Од страна на инвеститорот испратен е допис  и  до Хидрометеоролошкиот завод,  со цел утврдување на метеоролошките услови и причините кои довеле до оштетување на самиот објект “, стои во сооштението на општината.

    Оттаму  велат дека стручниот надзор е назначен и изведен согласно законските прописи и стандарди по законот за градба и дека сите постапки за реализација на проектот се спроведени согласно законските процедури за што постои комплетна документација.

    „Во изминатите четири години, Општина Куманово како никогаш досега ги подобри условите со реновирања на голем број на образовни институции и јавни установи,  а изгради голем број на нови спортски игралишта“, велат од општината.