×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ:Премиерот не заковал една шајка во Куманово

    07.09.2015 13:22 | KumanovoNews

    Од општинската организација на СДСМ Куманово денеска на прес-конференција го обвинија премиерот Никола Груевски, дека ништо не направил за Куманово.

    СДСМ:Премиерот не заковал една шајка во Куманово

    Објаснуваат дека реновирањето на основното училиште “Браќа Миладиновци“ е направено со пари од Централна европска банка, а не со владини пари. Рекоа дека Куманово има наталожени проблеми, а  власта не ги решава иако се во нејзина моќ.

    “Зошто власта не дава пари за нови градинки во Куманово, каде што бројот на деца е три пати повеќе од нивниот капацитет? Зошто им го одземавте Пионерскиот дом на кумановските дечиња? Зошто не се даваат согласности во образованието за да се вработат дефектолози и логопеди за кои реално градот и училиштата имаат потреба? Зошто учениците Албанци од Гимназијата “Сами Фрашери“ се уште учат во катастрофални услови, во зградата на поранешен Земјоделско индустриски комбинат? Зошто не се реновира Домот на АРМ туку е оставен да биде руина?Зошто Груевски ги избегна граѓаните на населбата Тоде Мендол кои што преживејаа најголеми трауми на 9 и 10 мај во дводневниот конфликт во Куманово?“- изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

    Тодоровски вели дека на граѓаните им требаат инвестиции кои ќе го подобрат нивното живеење.  Треба да се решат проблемите со водоснабдувањето, а Соколана, Спортската сала и Градскиот стадион да им бидат вратени на граѓаните.