×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува, порача Ковачевски

    06.12.2021 22:32 | Сузана Николиќ

    Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Куманово одржа средба со членовите на раководството на СДСМ каде ја презентираше програмата и визијата за СДСМ. На средбата присуствуваа и членови на раководствата од Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково, Старо Нагоричане и Арачиново. Тој истакна дека резултатот на изборите покажал дека СДСМ мора да ги менува работите.

    СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува, порача Ковачевски

    „На СДСМ му е потребен јасен и фер внатрепартиски систем каде луѓето се почитувани и наградувани согласно придонесот. СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува, а партијата  мора да е препознаена преку чесни, посветени и ангажирани луѓе. Посветеноста и одговорноста на секој кој има партиска функција ќе биде единствено мерило за напредок. Јас сум убеден дека  ваквиот пристап ќе придонесе за поголема мотивација и ангажман на целото членство на СДСМ, но и поддршка на сите граѓани“, кажа Ковачевски пред сопартијците.

    Тој додаде дека досега Владата на СДСМ направи крупни промени и реши децениски проблеми, и овие добри политики мора да продолжат. 

    Ковачевски во следните денови ја продолжува кампањата во сите поголеми градови ширум државата каде ќе се сретне со голем број на членови и приврзаници на СДСМ.