СДСМ слави победа во Куманово
07.04.2013 18:40
| KumanovoNews
Членовите и симпатизерите на коалицијата Сојузот на иднината, започнаа да слават победа.

Од изборниот штаб на СДСМ, велат дека нивниот кандидат Зоран Дамјановски убедливо води пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓеорѓиевски.
Од досега преброените гласовите, со над 2,5 илјади гласови води нашиот кандидат- тврдат од штабот.
Пред седиштето на партијата се собираат членовите на коалицијата да ја прослават победата.
Од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека сеуште се пребројуваат гласовите, а кандидатот за градоначалник Зоран Ѓеорѓиевски најави изјава во 22 часот.