Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатите за пратеници на СДСМ во втората изборна единица Оливер Спасовски, Снежана Захариева и Мартин Костовски, синоќа одржаа мини митинзи пред жителите на селата Речица и Долно Којнаре.
Пред граѓаните зборуваа за економска и политичка состојба во државата, а презентираа и решенија за проблемите во здравството, образованито, пензискиот систем, земјоделството и демократијата во државата.
На 5 јуни нашите политички опоненти ќе претрпат невиден пораз бидејќи пет години го уназадуваат, понижуваат, деморализираат, деградираат и заплашуваат македонскиот граѓанин. СДСМ на својата листа има луѓе кои се посветени на својата работа и ќе се залагаат во целост да се спроведе нашата програмата за да ја изведеме државата на прав пат. Ветувам дека уште во првиот месец ќе го решиме проблемот на стечајците и технолошки вишок, онака како што беше потпишана спогодбата со претседателот Црвенковски и со закон ќе ја решиме минималната плата од 9000 денари- рече Оливер Спасовски.
Тој ги повика граѓаните на 5 јуни да излезат на гласање, бидејќи во спротивно смета дека тоа може да го стори некој друг место нив.
Захариева во своето обраќање потсети дека СДСМ коалицира со 15 политички партии, кои со позитивна енергија и прогресивни идеи ќе освојат убедлива победа на 5 јуни.
Нашиот тим го предводи европска политичарка, ценета во целиот свет, која ја повикуваат во Брисел на разговори, наместо тоа да го прават со Никола Груевски. Имаме мандатар за влада, чесна жена која ќе допринесе Македонија да го добие местото во големото европско семејство. Овие избори се наш испит за зрелост, и ние не смееме да паднеме. Мора да положиме со чиста десетка, како и што е и нашиот реден број на избирачкото ливче-рече Захариева.
На жителите на двете села им се обрати и кандидатот за пратеник Мартин Костовски и градоначалникот Зоран Дамјановски, кои како и останатите кандидати добија силна подршка од присутните.