×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Со позитивистичка кампања ќе го победиме ВМРО-ДПМНЕ

    26.05.2011 09:35 | KumanovoNews

     Кандидатите за пратеници на СДСМ од Куманово Оливер Спасовски, Снежана Захариева и Мартин Костовски синоќа одржаа мини митинзи во селата Пчиња, Студена Бара и Доброшане, при што зборуваа за економско-политичката состојба во државата, а воедно ја представија нивната програма.

    СДСМ: Со позитивистичка кампања ќе го победиме ВМРО-ДПМНЕ

    Во своето обраќае докторката Захариева нагласи дека СДСМ на овие избори води позитивистичка кампања и некого не напаѓа, наспроти нивните опоненти кои постојано плукаат по нив, но тоа нема да им помогне да ги победат на изборите, смета таа.  

    Вашето големо присуство вечерва ми дава верба дека на 5 јуни СДСМ со коалицијата ќе извојува голема победа и ќе допринесе Македонија да тргне по еден нов пат кон подобра иднина и европска Македонија. Македонскиот народ е чесен и вреден и заслужува да има подобар живот.Но за жал кај нас царува сиромаштијата, невработенст, неправда кон земјоделците, кон интелектуалците и кон сите кои не се со владејачката партија.Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во овие пет години ја уназади Македонија, со тенденција да не врати во античко време. Но ние тоа нема да го дозволиме. Заедно со вас и со решенија за големите проблеми во државата ќе извојувам победа. Нашата програма е издржана затоа што долго се работеше на неа во консултација со граѓаните и стручњаците од разни области -рече Захариева.   

    За конкретни проекти во програмата зборуваа и останатите двајца кандидати за пратеници Спасовски и Костовски. Тие нагласија дека присуството на министрите на ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања нема да ги амнестира од одговорност што во изминатите пет години не најдоа време и пари за развој на градот и подобар живот на граѓаните.