Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинската организација на СДСМ денеска одговорија на прес-конфернцијата на Унијата на млади сила на ВМРО-ДПМНЕ за обвинувањата дека го мешаат спортот и политиката, и потенцираа дека нивното учество во органите на спортските клубови во Куманово е волонтерско и спортско, а не политичко.
„Одлична игра на кошаркарите во преполната сала во Куманово„, „Ракометарите повторно победија„, „Женскиот ракомет се враќа„, „Одбојкарите имаат брилијантен натпревар„, „Општинскиот фудбалски сојуз создава нови екипи„.Ова се дел од насловите во весниците за успехот на кумановските клубови. А што правите вие, се фалите само со рекламни спотови дека водите борба против девијантните појави во спортот. Мислите ли тука на успесите во фудбалот и кошарката, каде што секој натпревар се прогласува за натпревар со висок ризик. Се фалите со изградба на спортски терени? Што изградивте во Куманово, со што во изминатите години колку што сте на власт го помогнавте Куманово?- праша потпредседателот на СДСМ Мартин Костовски.