Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просториите на општинската организација на СДСМ Куманово утре (четврток) од 9 до 15 часот ќе се одржи крводарителска акција.
„Ги повикуваме сите членови, функционери и симпатизери на СДСМ, но и сите хумани граѓани без разлика на партиска, верска и етничка припадност да бидат дел од оваа хумана акција, со цел да помогнеме во спасување на човечки животи. Организирањето на крводарителски акции е традиција која СДСМ Куманово ја негува повеќе од 20 години“, изјави портпаролот Александар Митрички.
Акцијата се организира во соработка со Црвениот крст од Куманово и Институтот за трансфузиона медицина.
Во летниот период потребата од крв и крвни продукти е поголема, пред се поради зголемениот број на луѓе кои доаѓаат од странство дома, но и поради намалениот број на крводарителски акции во училиштата, на факултетите и во претпријатијата поради летните одмори.