×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Законот за јавни службеници ги намали работничките права

    20.04.2010 13:44 | KumanovoNews

     Клубот на жени на општинската организација на СДСМ синоќа одржа трибина, каде се дискутираше за неодамна донесениот Закон за јавни службеници за кој сметаат дека ги нарушува работничките права.

    СДСМ: Законот за јавни службеници ги намали работничките права

     На трибината зборуваше пратеничката Цветанка Иванова и Гордица Бошковска од синдикатот.

    Законот е многу ригорозен како во намалувањето на работничките права така и делот на санкциите,односно дисциплинската одговорност што може да ги преземе раководителот во случај на не извршување на работните задачи. Со овој закон се намалуваат еднаш стечените права. Власта сака вработените во јавниот сектор да ги стави под свое влијание и со притисок да зависи од раководителите, кои се поставени по партиска основа - рече Бошковска.

     Во Македонија има над 100 илјади јавни службеници вработените во образование, здравство, култура, наука, социјална заштита, установите и јавни претпријатија основани од државата и општините на кои се однесува законот.

     Законот за јавни службеници се донесе молкум, без дебата и расправа во јавноста.Ние како СДСМ на секој начин ќе се залагаме да ја спречиме неговата примена. Ни останува да ја подигаме свеста кај луѓето до 2011 година за да се создадеме отпор кон него. Целиот закон не може да се сруши, но со подршка со синдикатот и јавните службеници ќе извршиме притисок за одлагање на примената, да се создаде простор за договарање на нов закон кој ќе биде согласно европските стандарди- рече пратеничката Иванова.

     Учесничките на трибината сметаат дека од 2008 година почнало масовно кратењето на работничките права. Прво се намалиле деновите на годишен одмор, потоа работодавачите добиле право да прогласуваат технолошки вишок, а сега се ускратува и правото за надомест на штета во случај на неоправдано бркање од работа.