Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СДСМ од денеска ја започнува постапката за предлагање на кандидати за листите на пратеници за предвремените парламентарни избори.
Постапката ќе трае два дена во кои ќе бидат посетени сите месни одбори во општината.
Мислењето на општинската база е многу важно кој од кумановското СДСМ ќе биде репрезент на политиките на општинската организација и кој достојно, квалитетно и одговорно ќе ги брани боите на СДСМ во Собранието на Република Македонија. Постапката ќе трае два дена и ќе бидат посетени сите 90 месни одбори во Куманово. При крајот на неделата ќе се состане извршниот одбор и ќе направи листа од предложени кандидати, која потоа ќе се прати на усвојување од централното партиско раководство во Скопје. Ние како најголема општина и поголема општинска организација во Македонија ќе пратиме поголема листа, а воедно имаме навистина квалитетни и соодветни кадри за пратеничките листи - изјави Мартин Костовски, претседател на СДСМ Куманово.
Костовски очекува дека на листата во изборната единица 2 ќе добијат поголем број на добитни места за пратеници, кои во идниот состав на парламентот ќе ги застапуваат интересите на градот.