×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се чекаат резултатите од инспекцискиот надзор за помор на риби во Кумановка и Пчиња

    03.08.2022 10:38 | Сузана Николиќ

    Државен инспектор за животна средина (ДИЖС) канцеларија од Крива Паланка, завчера извршил вонреден инспекциски надзор во Пречистителната станица за отпадни води во селото Доброшане со која стопанисува ЈП „Водовод“ во Куманово и во фабриката „Бонум“ во селото Драгоманце во општина Старо Нгоричане, откако во неделата имаше помор на риби во реката Кумановка и на вливот во реката Пчиња.

    Се чекаат резултатите од инспекцискиот надзор за помор на риби во Кумановка и Пчиња

    Истовремено инспекторот им наредил на двете фирми до денеска да достават мерења и документација за заштита на животната средина.

     „Во моментот на инспекцискиот надзор Пречистителната станица беше во работен режим. По изјава на одговорното лице немале дефекти, поради кои таа би била исклучена. До среда (03.08) треба да ги достават мерењата согласно одобрениот Елаборатот за животна средина“, стои во информацијата на ДИЖС. 

    Вториот инспекциски надзор е извршен во Фабриката за преработка и конзервирање на зеленчук и печурки „Бонум“, општина Старо Нагоричане. 

    „На субјектот му е дадена усна наредба - забрана во наредниот период да се испуштаат индустриски отпадни води и до денеска да ја достави целокупната документација поврзана со животната средина до ДИЖС (Елаборат, Дозволи за зафат на вода и испуштање на отпадни води издадени од МЖСПП), а потоа ќе продолжи инспекциската постапка од страна на ДИЖС“, велат од Инспекторатот.

    Примероците од угинатата риба се предадени на анализа на Државниот инспекторот за земјоделство.

    Во неделата рибари од Куманово пријавиле дека има помор на риби долж реката Кумановка на вливот со река Пчиња.

    Истиот ден водата во реката Пчиња била виолетова.  Тогаш инспекторатот соопшти дека се сомнева дека правен субјект за обработка на печурки, цвекло и друг зеленчук, испуштил отпадни води од технолошки процес во реката Пчиња кај Драгоманце.