×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се формира локална акциска група “Абер 2015“

    02.07.2015 08:51 | KumanovoNews

    Советниците од Советот на општина Куманово, вчера гласаа за пристапување на општината како соосновач, кон формирање на Здружение за рурален развој локална акциона група “Абер 2015“.

    Се формира локална акциска група “Абер 2015“

    Ова е завршница од проектот “Имплементација на Лидер пристапот во североисточниот плански регион“. Центарот за развој на североисточниот плански регион подолго време работи на овој проект и едукација на населението.

    “Во североисточниот регион се формираат две акциски групи. Со гласањето на советниците и општината стана соосновач на акциската група, за општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Имаме интересно име “Абер 2015“ и се надеваме дека ќе бидеме добар абер, повик за сите оние кои се заинтересирани да вложат, во подигање на развитокот на руралните општини“- изјави Атина Мургашанска, помошник раководител во Центарот за развој на североисточниот плански регион.

    Кога Македонија ќе биде акредитирана за Лидер, може да се аплицира за добивање на европски пари и реализирање на мали проекти. Целта е да се развие руралниот туризам и да се развијат руралните подрачја. Во акциската група ќе влезат луѓе од бизнис секторот и невладините организации.