Се гради центар за култура во Матејче
21.07.2014 09:03
| KumanovoNews
Општината Липково наскоро ќе добие современ центар за култура.

Објектот се гради во селото Матејче, а треба да биде ставен во функција за една година.
Овој центар ќе има една сала за културни настани и други помошни простории.
- Се работи за објект со средна големина. Досега немавме објект за културни настани, овој е прв и ќе биде од голема корист. Брзината на изградбата ќе зависи од средставата бидејќи проектот се финансира со пари од општината и Министерството за култура - вели Феим Селмани, градежен инспектор.
Центарот за култура ќе им служи на скоро 30.000 жители на општина Липково.