Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на улицата Ѓуро Пуцар Стари, наскоро ќе бидат приклучени на градската канализациона мрежа, откако ќе биде изграден цевковод на нивната улица.
Проектот предвидува со оваа мрежа да бидат опфатени и населбите Средорек и Бавчи.
Kанализационата мрежа е во должина од 2,5 километри, при што прво ќе се изгради секундарниот вод, а потоа и колекторскиот систем во селото Проевце. Со тоа ќе се реши канализационото приклучување на овој дел на градот. Со новиот колектор ќе се приклучат и населбите Бавчи и Средорек, со што ќе се реши деценискиот проблем и на овие жители-изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Проектот чини околу 10 милиони денари, од кои еден милион се обезбедени со помош на министерот Неџат Мустафа, а останатите од општинскиот буџет. При денешната посета на населбата,министерот и градоначалникот најавија дека по завршување на фекалната канализација ќе се работи на изгрдба на патната инфраструктура и пешачкиот моста, со што ќе се реши проблемот на граѓаните за поминување на реката Липковка.