×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна изградбата на кружниот тек во „Серава“

    07.05.2022 12:13 | Сузана Николиќ

    Започна изградбата на уште еден кружен тек во Куманово. Во тек се градежни активности за проширување на улицата „Гоце Делчев“, по што ќе продолжи изградбата на новиот кружен тек на крстосницата на т.н. „Серава“. Проектот чини 15 милиони денари или 250 илјади евра.

    Започна изградбата на кружниот тек во „Серава“

    Кружниот тек ќе ги спојува улиците „Гоце Делчев“, „Бајрам Шабани“ и булеварот „Трета МУБ“. 

    „По добиената согласнот од МВР за измена на режимот за сообраќај, пред два започнаа активностите за изградба на новиот кружен тек. Во моментот се работи на проширување на улицата „Гоце Делчев“ за уште една лента, поради што ќе дојде до стеснување на дел од тороарот пред зградите. Во тој дел ќе се изгради нова подземна инфраструктура, како атмосферска канализација и улично осветлување“, изјави Момчило Јовановски, заменик раководител во Секторот за комунални дејности.

    Градежните работи ги изведува фирмата Кооп-инжинеринг од Куманово.

    Во моментот се работи и на изградба на кружен тек на крстосницата на улиците „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, а таму вредноста на инвестицијата е 580 илјади евра.

    Изградбите се предвидени во развојната програма на Општина Куманово, за која поддршка даде Советот.