Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска започна изградбата на нова спортска сала во дворот на основното училиште „Кристијан Тодоровски Карпош„ во населбата „Перо Чичо„. Салата ќе биде со површина од 1500 метри, а ќе чини 500 илјади евра.
Сретствата се обезбедени од буџерот на локалната самоуправа Куманово. Камен темелникот го удри градоначалникот Зоран Дамјановски, во присуство на пратеникот Оливер Спасовски, претставници на Советот на Општината, јавните претпријатија, вработените и граѓаните.
Во нашата програма приоритет даваме за развој на спортот и изградба на објекти за таа намена.Овој објект ќе биде граден по најсовремените стандарди со сала за мали спортови, ракомет, кошарка, одбојка и со професионална опрема од словенечката фирма Елан. Површината на салата е 1500 м2, а ќе може да прими над 200 гледачи.Покрај за потребите на училишниот спорт салата ќе можат да ја користат и спортските клубови и граѓаните за рекреативно спортување- рече градоначалникот Дамјановски.
Според предвидената динамика салата треба да биде готова до пролет.
Минатата година Општината изгради сала во средното економско училиште „Перо Наков„, а за почетокот на наредната иста ќе се гради и во Черкеско село.
Директорката на училиштете Оливера Стојанова, во името на вработените и учениците се заблагодари на градоначалникот и Советот на општината што ја подржаа нивната иницијатива и одвојиа толкави сретства за изградба на спортскиот објект, кој го чекаат со години наназад.
Неможам да опишам колку оваа сала е значајна за нас, пред се за учениците, но и за вработените и целото месно население. Нашето училиште е едно од најразвиените во државата, а пред се во Општината. Имаме 1500 ученици, а имаме голем проблем во реализацијата на програмата на физичкото образование, но и за останатите рекреативни активности на младите од оваа населба - рече Стојанова.
Градоначалникот најави дека со овој проект продолжуваат да се релизираат капитални инвестиции во градот и тоа: атлетскиот полигон, спортската сала, затворениот олимписки базен и изградба на локалната самоуправа на Чоробенско ќоше.