Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Надојдените води на реките Слупчанка и Матејчанка во општина Липково се излејаа од своите корита, по обилните врнежи во текот на ноќта.
Од Регионалниот центар за управување со кризи, информираат дека главно се поплавени ниви, а во село Опае се поплавени подрумите на три куќи.
„Реката Слупчанка во селото Опае поплави подрумски простории во три куќи и моментално таму од општина Липково вршат испумпување. Матејчанка се излеала на обработливи површини. Наврнаа ноќеска 14,8 литри дожд на метар квадратен, што не е некоја голема количина, но таму шумите се уништени и секако дека тоа има влијание“ - велат од РЦУК.
Синоќешните врнежи од дожд не предизвикаа проблеми и во кумановско.