Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Веќе неколку дена трае акцијата на ЈП “Чистота и зеленило“ за чистење на коритото на реката Кумановка во должина од 2, 2 км.
Ова е само прва фаза од чистењето, а потоа ќе се преземат соодветни мерки за оддржување на хигиената во овој дел од градот.
На неколку места ќе поставиме пречки да се собира отпадот и многу полесно ќе го оддржуваме коритото. Со проширување на програмата за диви депонии ќе ставиме акцент на оние места кои и по неколкукратно чистење пак се создадоа диви депонии. Ќе се трудиме бројот на диви депонии да го сведеме на минимум - изјави Сашо Петрушевски, директор на ЈП“Чистота и зеленило“.
Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека речното корито ќе се исчисти се до комплексот на ЈП “Водовод“ до делот каде се влеваат реките Липковка и Којнарка, а најави и поголема контрола.
Најавувам дека во наредниот период ќе бидат примени четири нови комунални редари, ќе ја зајакнеме службата и ќе отпочнеме со казнување на несовесните граѓани. Самиот овој потег ќе биде и со видео надзор. Кажав дека петти пат по ред ја чистиме оваа депонија и повторно се полни со градежен шут. Сметам дека во наредниот период ќе имаме построги санкции во однос на несовесните граѓани. Апелирам до граѓаните да го сочуваме овој прекрасен објект. Евентуално во содејство со Дирекција за води понатаму можеме да го решиме делот до градски парк - рече Дамјановски.
На граѓаните Дамјановски им порача дека градежниот шут можат да го фрлат на депонијата Краста.