Се изврши првото авионското прскање против комарци во Куманово
16.06.2024 10:42
| KumanovoNews
Во раните утрински часови се изврши првото авионско прскање против против возрасна форма на комарци оваа сезона во Куманово.
Со прскањето беа опфатени течението на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол и Тоде Мендол, централното градско подрачје и кај прочистителната станица ЈП „Водовод“ во с. Доброшане.
Општина Куманово за оваа година одвои 2,3 милиони денари (околу 37.000 евра) за заштита од инсекти и глодари.
За авиотретирање предвидени се 1.692.000 денари без ДДВ за три прскања, додека за дезинсекција, дезинфекција и дератизација вредноста на договорот е 675.000 денари без ДДВ.
За авионското прскање е ангажирана фирмата „Бониер“, додека услугите од земја ги дава „Плант медика“, двете од Куманово.

