Се коцкале со фалсификувани евра
04.07.2014 10:03
| KumanovoNews
Двајца кумановци отишле во казино со фалсификувани евра.

Љ.Р. (27) набавил фалсификувана банкнота во апоени од 50 евра, која му ја дал на Ш.И.(26), по што ја пуштил во оптек во казино „Адмирал“ за чек-ливче во износ од 3.050 денари кој му го издал М.С.
Поради тоа Љ.Р. и Ш.И. ќе одговараат за сторено кривично дело фалсификување пари и М.С.(29) од Куманово за сторено кривично дело од Законот за девизно работење.