Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Светлосна сообраќајна сигнализација деновиве се поставува на една од најфрекфентните раскрсници на булеварот „Октомвриска револуција„ и улицата „Ѓорче Петров„.
Семафорите сe поставуваат со цел да го регулира сообраќајот во овој дел на градот, каде што поради неприлагодена брзина и непочитување на сообраќајните прописи често се случуваат сообраќајни несреќи, велат од локалната самоуправа.
Секторот за сообраќај со проет за вертикално и хоризонтално обележување во градот сака да го реши сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Неодамна, како дел од истиот проект беа поставени семфори на раскрсницата на улиците „11 Октомври„, „Гоце Делчев„ и „Доне Божинов„.