×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се намалуваат коефициентите за пресметка на платите на функционерите кои ги именува Владата

    19.03.2024 21:23 | KumanovoNews

    Владата на денешната седница донесе одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.

    Се намалуваат коефициентите за пресметка на платите на функционерите кои ги именува Владата

    „Со Одлуката се намалуваат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, на директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, на директори и други именувани лица на самостојни органи на државната управа, на раководни лица во управни организации, агенции, фондови и други правни лица основани со посебни закони, на казнено-поправни установи“, соопштува Владата.

    Оттаму велат дека одлука за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата, нема да предизвика дополнителни финансиски импликации на Буџетот на државата.

    Станува збор за усогласување на коефициентите на именуваните лица од страна на Владата согласно Законот за изменување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/24), којшто предвидува промена на коефициентите по коишто се пресметува платата на избраните и именуваните лица.