Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три лица се повредени на семејна слава во Куманово, откако гостите се напиле и се степале со ножеви.
Тепачката се случила во семејна куќа на Д.К.(58) на улицата „Милан Лисица„, спроти основното училиште „Толи Зордумис„. Додека седеле на славата дошло до расправија помеѓу Љ.Т. (36) и А.М. (26). За кратко време расправијата прераснала во жестока тепачка, во која М.М.(26) со нож му нанел убодна рана на Љ.Т.(36) во пределот на стомакот, по што повредениот му го одзел ножот и му нанел расекотина на М.М. во пределот на вратот.
Домаќинката се обидела да му го земе ножот на Љ.Т., при што и таа е расечена на дланката и подлактицата.
На сите тројца во Општа болница Куманово им е укажана помош, а Љ.Т е задржан на лекување и е надвор од животна опасност.
СВР Куманово заедно со кривична пријава до Основно јавно обвинителство Куманово ќе го спроведе лицето М.М. од Куманово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело„убиство во обид„.
М.М., и претходно кривично е гонет заради тешки кражби.